Една услуга, направена внимателно
Работиме исклучиво со судски превод. Нашите преводи се наменети за официјална употреба пред институции во земјата и во странство.
Зошто само судски превод
Кога документот оди во суд, амбасада или министерство, нема простор за грешка во име, датум или печат.
Понуда пред почетокот на преводот
Пред да добиете понуда, лично ги разгледуваме документот и потребните детали. Ќе ви испратиме цена и рок, а преводот почнува дури откако ќе ја потврдите понудата. Секогаш се трудиме да одговориме на вашето барање во рок од 24 часа.
Плаќате кога ќе го добиете
Нема плаќање однапред. Преводот го плаќате при прием, а доставата ја плаќа примателот.
Секогаш сме отворени за соработка
Работиме со овластени судски преведувачи. Доколку сте заинтересирани за соработка со нас, испратете ни порака преку формуларот за соработка и наведете со кој јазик работите, како и бројот на решението и датумот на поставување.
Имате документ што треба да се преведе?
Барањето е бесплатно и без обврска.
